ВО РУСИЈА ЌЕ ИМА НОВ ОБЛОЖУВАЧКИ МИЛЕНИК

Ахил ќе ви каже кој ќе го освои Мундијалот (ВИДЕО)

Светското првенство во фудбал почнува на 14. Јуни во Русија, а како и минатите години, на сите оние кои сакаат да го знаат победникот, ќе им помогне мачката Ахил, „жител" на славниот музеј „Ермитаж"...

објавено: 1 јуни 2018 - 19:07

Бела мачка со име на моќниот јубак од античкиот период на тој начин ќе ја продолжи традицијата која ја започна октоподот „Пол" на СП во Јужна Африка во 2010 година.
Пол тога доста точно ги „предвидуваше" исходите на селекцијата на Германија, како и конечниот победник – Шпанија.

Мачорот Ахил веќе беше „во акција“, и тоа на Купот на конфедерации минатата година во Русија, а сега ќе продолжи на истото место.
Еден од заштитните знаци на славниот музеј во Санкт Петербург е глув, па знатижелните новинари нема да можат да му го свртат вниманието на една од чиниите со храна каде ќе бидат поставени знаменцата на двете репрезентации за кои станува збор.

"Ахил е сега на своето работно место, Се подготвува за Светското првенство, и моментално поминува низ процесот на адаптација. Луѓето го хранеа повеќе од што беше потребно. Кога ни го донесоа изгледаше како топка, а не како мачка, па така мораше да го ставиме на една стриктна диета"- вели ветеринарот Ана Кондратиева, која е задолжена за здравјето на ова „посебно" животно.

 

Најново во Другата страна на спортот