| контакт | маркетинг
МИКС

12.01.2017

Лина запиша историја во Мелбурн

Македонската тенисерка со 2:1 во сетови ја совлада Саша Викери од САД и се пласираше во второто квалификациско коло на Австралија Опен.

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа стигна до првата историска победа, откако со 6:2, 3:6, 6:3 славеше во дуелот со Американката Саша Викери, во првото квалификациско коло на Австралија Опен.

Ова е прва победа за една македонска тенисерка на гренд слем турнир.
Во второто квалификациско коло, нашата најдобра тенисерка ќе игра против Далма Галфи од Унгарија, која е рангирана на 160 позиција на ВТА листата.



Датум: 12.01.2017, 09:02
Статијата е прочитана 1699 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense