| контакт | маркетинг
РАКОМЕТ

11.01.2016

„Експертите“ тргнаа триумфално

Домаќинот на премиерата од Мундијалот оствари убедлива победа од 31:16 над Бразил и покажа дека се наоѓа во одлична форма. Македонецот Драган Начевски имаше чест да биде делегат на оваа средба

Франција тргна моќно кон одбраната на светскиот трон. „Триколорите“ во премиерниот меч од Мундијалот го демолираа Бразил со 31:16. Домаќините кои важат за апсолутни фаворити во групата А, но, и на овој шампионат имаа маестрален почеток
Популарните „експерти“ не оставија ништо на случајот и предводени од маестралниот Тјери Омејер кој за едно полувреме запиша неверојатни 15 одбрани, направија недостижни 17:7.
Домаќинот потоа очекувано го спушти ритамот на играта, но, и покрај тоа имаше потполна резултатска контрола за на крај да победи со 31:16. Воедно, Македонецот Драган Начевски кој е претседател на Судиската Организација при ЕХФ имаше чест да биде делегат на првиот меч на Мундијалот.
Најефикасен ракометар на овој меч беше Валентин Порт со шест погодоци.



Датум: 11.01.2017, 22:22
Статијата е прочитана 647 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.01.2017
21.01.2017
21.01.2017
21.01.2017
21.01.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense