| контакт | маркетинг
РАКОМЕТ

12.01.2017

Започнаа препирките: Тунис не ги сака Македонците
 

Првиот противник на Македонија на СП од обезбедувањето на хотелот побара македонските новинари не бидат на ист спрат со нив.

Од Мец, Ристо Ѓамовски

Македонија денеска го игра првиот меч на Мундијалот во Франција. Избраниците на Лино Червар за противник ја имаат селекцијата на Тунис која очигледно не ги сака Македонците.
Репрезентациите на Тунис и Исланд се во ист хотел, а во хотелот е и голем дел од македонската новинарска екипа која од Мец ќе ги покрива настаните, како и дел од македонскиот логистички тим.
Со Исланд начелно нема никакви проблеми, но со Тунижаните чија делгација е  многу поголем број почна да не гледа „попреку“ уште први првата средба во хотелското фоаје.
Не требаше многу за настаните да почнат да се развиваат. Набрзо бев повикан од менаџерот на хотелот кој беше во друштво со одговорниот за туниското обезбедување назначен од француската жандармерија.
„Тунис не сака на истиот кат со нив да има македонски новинари, ниту други членови од Вашиот тим. Реагираа до хотелската управа, а доколку не ве преселиме во друга соба, тогаш и официјално ќе се жалат во ИХФ“, на некој начин се обиде да ја ублажи ситуацијата и сопствената грешка хотелскиот менаџер.
Инаку македонската репрезентација и селекцијата на Ангола се сместени дваесетина километри од Мец, додека другите четири репрезентации се во хотели во центарот на градот.



Датум: 12.01.2017, 10:33
Статијата е прочитана 3508 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
28.04.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense