| контакт | маркетинг
МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

13.09.2017


АЛТИПАРМАКОВСКИ ДВОЕН СТРЕЛЕЦ ЗА СУДУВА

Македонскиот интернационалец во редовите на Судува, Марјан Алтипармаковски, двапати ја тресеше мрежата на Тракаи во дербито во литванското првенство.

Алтипармаковски го постигна првиот гол за Судува, со што во тој момент го анулира водството на противникот, а негово дело беше и третиот погодок со кој Судува дефинитивно ја потврди победата.
Алтипармаковски по подолго време постигнува гол за својата екипа, којашто со оваа победа се зацврсти на третото место на табелата во домашното првенство и истовремено ја намали предноста пред вторпласираниот Тракаи на девет бодови, но со три помалку одиграни натпревари.



Датум: 13.09.2017, 22:10
Статијата е прочитана 308 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
26.09.2017
25.09.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense