| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

08.01.2016

Нухиу е трајното решение на Шкупи

Повремениот тренер ја доби довербата од раководството на Чаирчани, па така ќе ги предводи во вториот дел од сезоната

Ардијан Нухиу е назначен за постојан тренер на екипата на Шкупи. Раководството на чаирчани одлучи да му даде шанса на овој стратег, кој седна на крајот на минатата година, по заминвуањето на Висар Ганиу.
„Благодарност до претседателот и до раководството за довербата која што ми ја укажаа. Знам дека нема да изостанува максималната поддршка од нив, па затоа сум подготвен за предизвикот. Добро ја познавам групата на фудбалери со кои располагам и знам дека тие се професионалци. Мислам дека секој ќе работи напорно и ќе го даде својот максимум за уште подобри резултати. Во овој момент главната амбиција на клубот е опстанокот а јас сум потполно сигурен дека ќе успееме тоа да го избориме“ изјави Нухиу.
Шкупи од утре ќе ги започне подготовките за вториот дел од сезоната. Во Скопје ќе се тренира 15. дена, при што тимот ќе замине на подготовки во Охрид каде што ќе се одиграат и неколку контролни натпревари.



Датум: 08.01.2017, 12:32
Статијата е прочитана 2584 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.01.2017
21.01.2017
21.01.2017
21.01.2017
21.01.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense