| контакт | маркетинг
ТЕНИС

19.11.2016

Новак и Енди во директна пресметка за првото место

Новак Ѓоковиќ ќе се обиде да го врати првото место на АТП-листата со победа над Енди Мареј во финалето на завршниот турнир на годината во Лондон, откако двајцата имаа различни победи во полуфиналето

Србинот Новак Ѓоковиќ ќе има шанса по само две недели да се врати на првото место на АТП-листата, но за тоа му е потребно да го победи Мареј во финалето во „О2 Арената“. Ѓоковиќ покажа дека има сили за борба, откако го декласираше Јапонецот Кеи Нишикори со 6:1/6:1 во ноќниот меч во Лондон.
За разлика од Ѓоковиќ, Мареј одигра трилер-натпревар во три сета против Милош Раонич, пред да стигне до 5:7/7:6(5)/7:6(9) победа по 3 часа и 38 минути игра. Ова беше рекордна за Мареј 23. победа во низа и Шкотланѓанецот нема загубено од септември, но беше и втор долг меч за Мареј во четири дена, откако го сруши рекордот на турнирот од 3 часа и 20 минути, колку му беа потребни да го победи Нишикори во натпреварите по група во средата.
„Не очекував да играм толку долго со некој со сервис како на Милош. Уморен сум. Играв многу тенис последните месеци, но ќе го дадам максимумот во финалето“, вели Мареј.



Датум: 19.11.2016, 22:41
Статијата е прочитана 1041 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.08.2017
20.08.2017
20.08.2017
20.08.2017
20.08.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense