| контакт | маркетинг
ТЕНИС

22.10.2016

Тениската елита се собра во Сингапур

Анџелике Кербер ќе се соочи со дебитантите на ВТА-финалето Медисон Киз и Доминика Цибулкова и со Чехинката Петра Квитова во својата група на завршниот женски турнир во Сингапур

ВТА во четвртокот потврди дека Германката ќе ја заврши 2016 како светска тенисерка број 1, и таа ќе се обиде да стави печат на годината со трофеј во Сингапур. Кербер влезе во „Црвената група“ со Киз, Цибулкова и Халеп, и ќе се обиде првпат во кариерата да го мине натпреварувањето по групи на елитниот турнир.
Актуелната шампионка на турнирот, Полјачката Агњешка Радвањска е во „Белата група“ со шампионката од Ролан Гарос, Гарбиње Мугуруза и финалистката од УС опен, Каролина Плишкова.
Последниот натпреварувач во оваа група ќе се дознае овој викенд бидејќи Светлана Кузнецова ќе биде осмата тенисерка ако победи на домашниот Кремљ куп, а доколку загуби, тоа место ќе отиде кај Британката Јохана Конта.
Од турнирот отсуствува Серена Вилијамс, откако 22-кратната гренд слем шампионка реши да се повлече поради повреда на рамото. Првиот меч на ВТА-финалето се игра в недела.



Датум: 22.10.2016, 11:53
Статијата е прочитана 1252 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
25.05.2017
25.05.2017
25.05.2017
25.05.2017
25.05.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense