| контакт | маркетинг
АВТО-МОТО

04.09.2016

Розберг на само два поени од Хамилтон

Нико Розберг првпат во кариерата победи на Италијанското ГП, откако неговиот колега Луис Хамилтон згреши на стартот, и ја намали предноста на само два поени на седум трки до крајот на сезоната

Нико Розберг повторно имаше викенд без грешка за да победи на класичното Италијанско ГП во Монца пред својот колега Луис Хамилтон, кој не успеа пол-позицијата да ја трансформира во 50. победа во кариерата.
Светскиот шампион на Мерцедес, Хамилтон имаше катастрофален старт на брзата патека и падна на петтото место, додека Розберг успеа да ги остави зад себе возачите на Ферари и да се одвои за соло-трка.
Со седмата победа во 2016 година и втора во низа (по победата во Спа минатиот викенд), Розберг ја „уништи“ предноста на Хамилтон, кој сега има само два поени на седум трки пред крајот на сезоната.
Ферари го вратија статусот на втор најдобар тим на домашната патека, но Себастијан Фетел на третото и Кими Раиконен на четвртото место беа далеку од борба со недостижните возачи на Мерцедес. Валтери Ботас во Вилијамс ги раздвои возачите на Ред Бул, Даниел Рикијардо на петтото и Макс Ферстапен на седмото место, додека поени освоија и Серхио Перез (Форс Индија), Фелипе Маса за Вилијамс во неговото последно Италијанско ГП, и Нико Хулкенберг во вториот болид на Форс Индија.
Ова беше последна европска трка на Ф1 календарот, кој продолжува со фантастичната ноќна трка во Сингапур

РЕЗУЛТАТИ (ИТАЛИЈАНСКО ГП)
1.Нико Розберг (Мерцедес)
2.Луис Хамилтон (Мерцедес)
3.Себастијан Фетел (Ферари)
4.Кими Раиконен (Ферари)
5.Даниел Рикијардо (Ред Бул)
6.Валтери Ботас (Вилијамс)
7.Макс Ферстапен (Ред Бул)
8.Серхио Перез (Форс Индија)
9.Фелипе Маса (Вилијамс)
10.Нико Хулкенберг (Форс Индија)
11.Роман Грожан (Хас)
12.Џенсон Батон (Мекларен)
13.Естебан Гутиерез (Хас)
14.Фернандо Алонсо (Мекларен)
15.Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо)
16.Маркус Ериксон (Заубер)
17.Кевин Магнусен (Рено)
18.Естебан Окон (Мејнор)
НЕ ЗАВРШИЈА
19.Данил Квјат (Торо Росо)
20.Паскал Верлајн (Мејнор)
21.Џолион Палмер (Рено)
22.Фелипе Наср (Заубер)

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН
ВОЗАЧИ
1.Луис Хамилтон (Мерцедес) 250
2.Нико Розберг (Мерцедес) 248
3.Даниел Рикијардо (Ред Бул) 161
4.Себастијан Фетел (Ферари) 143
5.Кими Раиконен (Ферари) 136
6.Макс Ферстапен (Ред Бул) 121
7.Валтери Ботас (Вилијамс) 70
8.Серхио Перез (Форс Индија) 62
9.Нико Хулкенберг (Форс Индија) 46
10.Фелипе Маса (Вилијамс) 41
11.Фернандо Алонсо (Мекларен) 30
12.Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо) 30
13.Роман Грожан (Хас) 28
14.Даниел Квјат (Торо Росо) 23
15.Џенсон Батон (Мекларен) 17
16.Кевин Магнусен (Рено) 6
17.Паскал Верлајн (Мејнор) 1
18.Штофел Фандорне (Мекларен) 1
КОНСТРУКТОРИ
1.Мерцедес АМГ 455
2.Ред Бул Рејсинг Рено 274
3.Скудерија Ферари 252
4.Форс Индија Мерцедес 103
5.Вилијамс Мерцедес 101
6.Мекларен Хонда 48
7.Скудерија Торо Росо Ферари 45
8.Хас Ферари 28
9.Рено Ф1 6
10.Мејнор Мерцедес 1
11.Заубер Ферари 0



Датум: 04.09.2016, 15:53
Статијата е прочитана 988 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
25.05.2017
24.05.2017
24.05.2017
24.05.2017
24.05.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense