| контакт | маркетинг
АВТО-МОТО

08.10.2016

Розберг за 0.013 секунди побрз од Хамилтон!

Лидерот во генерален пласман, Нико Розберг повторно беше подобар од својот колега од Мерцедес, Луис Хамилтон, победувајќи го во последните секунди на квалификациите за Јапонското ГП

Германецот беше втор зад Хамилтон пред последното излегување на патеката, кога го победи Британецот за минимални 0.013 секунди за осма пол-позиција во 2016, со што се израмни со Хамилтон. За Розберг, кој има 23 поени предност пред Хамилтон во генерален пласман на пет трки пред крајот, ова исто така е и трета пол-позиција во низа во Сузука.
Кими Раиконен во Ферари повторно беше најблискиот ривал на Мерцедес со третото место, победувајќи го својот колега Себастијан Фетел седми пат оваа сезона. Фетел, сепак, нема да стартува како четврти, туку како седми по казната од три места за судирот на Малезиското ГП пред две недели.
Ред Бул не успеаја да ги предизвикаат Ферари и беа петти и шести со Макс Ферстапен и Даниел Рикијардо. Серхио Перез заврши како седми најбрза Форс Индија, два места пред колегата Нико Хулкенберг. Тимот на Хас првпат оваа година ги имаше двајцата возачиво топ 10 - Роман Грожан беше осми, а Естебан Гутиерез на 10. место.
Мекларен-Хонда потврди на нивната „домашна“ патека, откако Фернандо Алонсо беше на 15. место со новиот мотор на Хонда, додека Џенсон Батон испадна во првата квалификациска сесија и ќе стартува како 17.



Датум: 08.10.2016, 09:32
Статијата е прочитана 450 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.02.2017
22.02.2017
22.02.2017
21.02.2017
21.02.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense