| контакт | маркетинг
ТЕНИС

04.10.2016

Намалена казната на Шарапова, таа може да се врати во април



Двегодишната суспензија на Марија Шарапова е намалена на 15 месеци, одлучи Судот за арбитража во спортот (ЦАС)

29-годишната петкратна гренд слем шампионка доби двегодишна суспензија од Интернационалната тениска федерација (ИТФ) поради позитивен тест на мелдониум на Австралискиот опен во јануари.
Мелдониумот беше забранет од 1 јануари, а Шарапова тврди дека не го знаела тоа и дека го користела средството за срцеви болести повеќе од 10 години по совети на своите лекари.
„Панелот одлучи дека г-ѓица Шарапова направи анти-допинг прекршок, и иако беше без значителна вина, казната од 15 месеци е прикладна. Ние само го одредувавме нивото на вина кое може да се одреди“, се вели во одлуката на ЦАС.
ИТФ исто така утврди дека Шарапова намерно го криела користењето на мелдониум од анти-допинг властите, кои треба да бидат информирано за сите долгорочно користени средства.
„Да не го криеше користењето на милдронатот од анти-допинг властите, и да побараше совет, ова ќе беше избегнато. Таа е сама креатор на својата несреќа“, се велеше во тогашната одлука на ИТФ.
Со намалената казна Шарапова ќе може да се врати на тениските терени на 26 април 2017 година.



Датум: 04.10.2016, 15:16
Статијата е прочитана 752 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
26.06.2017
26.06.2017
26.06.2017
26.06.2017
26.06.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense