| контакт | маркетинг
АВТО-МОТО

18.09.2016

Нико не застанува, со лесна победа во Сингапур

Нико Розберг стигна до трета победа едноподруго, триумфирајќи на уличната трка во Сингапур, за да се врати на првото место во генерален пласман пред колегата Луис Хамилтон, кој беше трет

Розберг во финишот го издржа нападот на Даниел Рикијардо во Ред Бул за да стигне до осма победа оваа сезона и трета едноподруго, додека колегата од Мерцедес, Луис Хамилтон беше трет по уште еден проблематичен старт на трката.
Кими Раиконен и Ферари можат да жалат што поради слабото последно влегување во боксот Финецот заврши зад Хамилтон на четвртото место, но сепак, можат да добијат инспирација од Себастијан Фетел, кој од последното место на стартот со одлична трка се искачи на петтото место.
Макс Ферстапен остана исфрустриран во неколкуте обиди да го помине Данил Квјат, но на крајот беше шести пред Фернандо Алонсо во Мекларен, Серхио Перез во Форс Индија и самиот Квјат. Кевин Магнусен донесе поен за Рено, што е само вторпат оваа година францускиот тим да е меѓу најдобрите 10.

СИНГАПУР ГП
1.Нико Розберг (Мерцедес)
2.Даниел Рикијардо (Ред Бул)
3.Луис Хамилтон (Мерцедес)
4.Кими Раиконен (Ферари)
5.Себастијан Фетел (Ферари)
6.Макс Ферстапен (Ред Бул)
7.Фернандо Алонсо (Мекларен)
8.Серхио Перез (Форс Индија)
9.Данил Квјат (Торо Росо)
10.Кевин Магнусен (Рено)
11.Естебан Гутиерез (Хас)
12.Фелипе Маса (Вилијамс)
13.Фелипе Наср (Заубер)
14.Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо)
15.Џолион Палмер (Рено)
16.Паскал Верлајн (Мејнор)
17.Маркус Ериксон (Заубер)
18.Естебан Окон (Мејнор)
НЕ ЗАВРШИЈА
19.Џенсон Батон (Мекларен)
20.Валтери Ботас (Вилијамс)
21.Нико Хулкенберг (Форс Индија)
22.Роман Грожан (Хас)

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН
ВОЗАЧИ
1.Нико Розберг (Мерцедес) 273
2.Луис Хамилтон (Мерцедес) 265
3.Даниел Рикијардо (Ред Бул) 179
4.Себастијан Фетел (Ферари) 153
5.Кими Раиконен (Ферари) 148
6.Макс Ферстапен (Ред Бул) 129
7.Валтери Ботас (Вилијамс) 70
8.Серхио Перез (Форс Индија) 66
9.Нико Хулкенберг (Форс Индија) 46
10.Фелипе Маса (Вилијамс) 41
11.Фернандо Алонсо (Мекларен) 36
12.Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо) 30
13.Роман Грожан (Хас) 28
14.Данил Квјат (Торо Росо) 25
15.Џенсон Батон (Мекларен) 17
16.Кевин Магнусен (Рено) 7
17.Паскал Верлајн (Мејнор) 1
18.Штофел Фандорне (Мекларен) 1
КОНСТРУКТОРИ
1.Мерцедес АМГ 538
2.Ред Бул Рејсинг Рено 316
3.Скудерија Ферари 301
4.Форс Индија Мерцедес 112
5.Вилијамс Мерцедес 111
6.Мекларен-Хонда 54
7.Скудерија Торо Росо Ферари 47
8.Хас Ф1 Ферари 28
9.Рено Ф1 7
10.Мејнор Мерцедес 1
11.Заубер Ферари 0



Датум: 18.09.2016, 16:21
Статијата е прочитана 820 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
26.06.2017
26.06.2017
26.06.2017
26.06.2017
26.06.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense