| контакт | маркетинг
АВТО-МОТО

23.10.2016

Луис повторно победи во Америка и остана во игра за трофејот

Луис Хамилтон го оствари 50. јубилеен триумф во Ф1 кога беше најпотребно, триумфирајќи на Американското ГП во Остин пред колегата Нико Розберг за да ја намали разликата на 26 поени на три трки пред крајот на сезоната

Хамилтон, кој ја освои пол-позицијата во Тексас, повторно покажа дека му одговара тркањето во САД, неговиот „втор дом“, стигнувајќи до трета победа едноподруго на „Патеката на Америките“ и петта во САД, ако се смета триумфот во Индијанаполис додека возеше за Мекларен.
Хамилтон на крајот беше далеку пред Розберг, кој имаше среќа што го врати второто место кое го загуби на стартот, и сега разликата меѓу нив двајца е 26 поени со три трки до крајот и вкупно 75 поени за освојување. Сепак, на Розберг ќе му биде доволно две од тие трки да ги заврши на второто место, а една на третото место за да ја запечати титулата. За Хамилтон сепак, ова е прва победа по Германското ГП, прекинувајќи ја лошата низа од шест трки без триумф.
Третото место отиде кај Даниел Рикијардо, откако австралискиот возач на Ред Бул прво го помина Розберг на стартот, но потоа ја загуби позицијата при „виртуелното“ безбедносно возило во 35. круг, кога неговиот тим се реши да го внесе по Розберг во боксот. Четвртото место отиде кај Себастијан Фетел во Ферари, откако Кими Раиконен се откажа по бизарен инцидент во боксот.

АМЕРИКАНСКО ГП
1.Луис Хамилтон (Мерцедес)
2.Нико Розберг (Мерцедес)
3.Даниел Рикијардо (Ред Бул)
4.Себастијан Фетел (Ферари)
5.Фернандо Алонсо (Мекларен)
6.Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо)
7.Фелипе Маса (Вилијамс)
8.Серхио Перез (Форс Индија)
9.Џенсон Батон (Мекларен)
10.Роман Грожан (Хас)
11.Кевин Магнусен (Рено)
12.Данил Квјат (Торо Росо)
13.Џолион Палмер (Рено)
14.Маркус Ериксон (Заубер)
15.Фелип Наср (Заубер)
16.Валтери Ботас (Вилијамс)
17.Паскал Верлајн (Мејнор)
18.Естебан Окон (Мејнор)
НЕ ЗАВРШИЈА
19.Кими Раиконен (Ферари)
20.Макс Ферстапен (Ред Бул)
21.Естебан Гутиерез (Хас)
22.Нико Хулкенберг (Мерцедес)



Датум: 23.10.2016, 23:02
Статијата е прочитана 772 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
29.03.2017
29.03.2017
29.03.2017
29.03.2017
29.03.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense