| контакт | маркетинг
ТЕНИС

07.11.2016

Мареј е нов светски рекет број еден

Британецот сега има 11.185 поени на најновиот ранкинг со што го презеде приматот од Ѓоковиќ кој 223 недели суверено владееше на врвот

Британецот Енди Мареј конечно, се искачи на првото место на АТП листата. По 223 недели владеење на НоваК Ѓоковиќ, шкотскиот тенисер од денеска се искачи на врвот со 11.185 бодови. Новак сега се наоѓа на позицијата под број два до 10.780 поени.
За прв пат по повеќе од една деценија, Рожер Федерер не е меѓу најдобрите 10 рекети. Швајцарецот сега се наоѓа на 16 место со само 2.130 бодови. Рафаел Надал, пак, е на местото број осум со 3.300 бодови.

ЛИСТА НА ТОП 10 ТЕНИСЕРИ
1. Енди Мареј 11.185 бодови
2. Новак Ѓоковиќ 10.780
3. Стен Ванвринка 5.115
4. Милош Раонич 5.050
5. Кеи Нишикори 4.705
6. Гаел Монфилс 3.625
7. Марин Чилиќ 3.450
8. Рафаел Надал 3.300
9. Доминик Тием 3.215
10. Томас Бердих 3.060



Датум: 07.11.2016, 12:03
Статијата е прочитана 754 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.03.2017
24.03.2017
24.03.2017
24.03.2017
24.03.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense