| контакт | маркетинг
ТЕНИС

29.09.2016

Доживотна суспензија за местење тениски меч со 2.000$

Јужноафриканскиот тенисер Џошуа Чети доби доживотна суспензија од спортот откако беше прогласен за виновен за местење мечеви

21-годишниот Чети призна дека имал контакт со друг тенисер со понуда од 2.000$ за да игра слабо во сингл-меч и 600$ во дубл-меч на ИТФ фјучрс турнирите во Стеленбош, Јужна Африка во ноември 2015. Играчот кому му било пристапено, кој останува анонимен, ја одбил понудата и го пријавил случајот до Одделот за интегритет на тенисот (ТИУ).
Чети е рангиран на 1.857 место во сингл, со најдобар резултат на 1.370 место во јуни 2015 година. Тој сега нема да смее да игра на ниту еден професионален турнир, а исто така нема да може да биде ниту гледач на стадионите низ целиот свет.



Датум: 29.09.2016, 17:49
Статијата е прочитана 658 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.01.2017
24.01.2017
24.01.2017
24.01.2017
24.01.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense