| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

12.09.2017

Миовски и Стоименовски стартери во поразот на Карабах

Нашите млади репрезентативци беа во составот на Карабах У19, кој загуби на стартот на УЕФА лигата на шампиони за млади со 5:0 на гостувањето кај Челзи

Бојан Миовски и Оливер Стоименовски беа дел од историскиот прв натпревар на тимот на Карабах до 19. години во рамките од УЕФА Лигата на шампиони за младински категории. Истиот е загубен со високи 5:0 на гостувањето кај Челзи, но нашите млади интернационалци и нивните соиграчи одлично се држеа се до педесеттата минута од мечот. Тогаш Карабах остана со играч помалку и домаќинот и тоа како знаеше да го искористи. Даде пет гола за краток период и ги постави нешата на свое место. Миовски и Стоименовски се покажаа во добро светло и го одиграа целиот натпревар.



Датум: 12.09.2017, 16:20
Статијата е прочитана 1456 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.09.2017
23.09.2017
23.09.2017
23.09.2017
23.09.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense