| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

12.10.2017

Фелипе: Да ги победиме и да им се доближиме

„Верувам дека ќе ги освоиме бодовите и дека ќе успееме да ја намалиме разликата на табелата“, вели Бразилецот

Вардар во сабота во 14:30 часот на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје, го пречекува тимот на Шкендија во дербито на 10 коло од Првата лига. Вардар мора да триумфира доколку сака да му се доближи на својот ривал.
„Играме против првопласираниот тим на табелата. Шкендија има многу добар и силен тим, но ние сакаме да победиме и со три бода да им се доближиме на првата позиција. Исто така и Вардар е силна екипа и верувам дека ќе оствариме победа, и на некој начин ќе им вратиме за поразот во првото коло. Играме на домашен терен, ја поканувам публиката  да дојде во поголем број и да биде 12 играч на ова дерби за да дојдеме до трите бода“, изјави Фелипе.



Датум: 12.10.2017, 15:59
Статијата е прочитана 797 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense