| контакт | маркетинг
КОШАРКА

08.01.2017

Цибона пресилна за „металците“

Македонскиот шампион МЗТ Аеродром Скопје беше поразен на гостувањето во Загреб од Цибона со 87:79, забележувајќи го 13. пораз во регионалното натпреварување

МЗТ Скопје и натаму е без гостинска радост оваа сезона, откако на гостувањето кај Цибона беше совладан со 87:79 (21-14, 22-17, 26-17, 18-21). За македонскиот тим ова е петти пораз во низа, вкупно 13-ти за зацврстување на дното на табелата во јадранското натпреварување.
„Штрковите“ пред стартот на последната четвртина имаа негатива од 69-55, успеаја да се вратат, дури и да поведат со 76-77, но на крајот примија лесни поени за нова пропуштена шанса.
Дреновац со 27 поени и Клоф со 16 поени беа најефикасни кај „сино-белите“, на другата страна Шакиќ имаше 26 поени, додека Рејнолдс запиша 19 поени и 13 асистенции.
Во следното коло, МЗТ Скопје е домаќин на тимот на Задар, мечот се игра в петок.  



Датум: 08.01.2017, 19:14
Статијата е прочитана 766 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.01.2017
24.01.2017
24.01.2017
24.01.2017
24.01.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense