| контакт | маркетинг
ТЕНИС

27.11.2016

Дел Потро и Делбонис ја шокираа Хрватска

Федерико Делбонис го совлада хрватскиот ветеран Иво Карловиќ со 6:3/6:4/6:2 во Загреб за на Аргентина да и ја донесе првата титула од Дејвис купот во петтото финале за јужноамериканската нација

Историскиот трофеј за Аргентина беше обезбеден иако Хрватска имаше 2:1 водство пред последниот ден од натпреварувањето, откако освојувачот на среброто од Рио, Хуан Мартин дел Потро во шокантен меч се врати од два сета негатива за да го победи хрватскиот број 1, Марин Чилиќ со 6:7(4)/2:6/7:5/6:4/6:3 во првиот неделен сингл меч. Хрватска одеше на втора титула во тимското тениско натпреварување.



Датум: 27.11.2016, 22:07
Статијата е прочитана 1662 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.01.2017
21.01.2017
21.01.2017
21.01.2017
21.01.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense