| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

07.09.2017

СЕ ДОБЛИЖИВМЕ ДО СТОТКАТА

На најновата ФИФА-листа, Македонија, според пресметките, би требало да се најде на 103. позиција, што е за 32 места подобро од минатомесечниот пласман

Голема победа оствари Македонија на гостувањето во Хаифа. Победа која ќе донесе многу бодови на рејтингот на ФИФА-листата. Според пресметките, нашата селекција со триумфот над Израел и со бодот од Албанија ќе има плус 100 поени од досегашниот пласман. Да, добро прочитавте. Ако Македонија сега има 228 бода, на листата овој месец ќе има 328 поени. И тоа благодарание на добрите резултати на последните два меча. Ете колку чини една победа, и тоа на гостински терен со некоја од првите 50 селекции на листата. Колку поени носи и веднаш лансира нагоре.
Овој пласман на Македонија кој се очекува во септември, ќе биде највисокиот во последните три и пол години.

ПОБЕДА НÈ ВОДЕШЕ ВО ТОП 100

Сега ни е јасно на сите колкаво искачување на рејтингот ќе донесеше триумф над Албанија. Доколку успеевме да ги „треснеме“, тогаш ќе бевме сигурно меѓу првите 100, ако не и меѓу првите 80 светски селекции. Доколку оствареше макар и минимална победа, Македонија ќе имаше 403 поени, и сега би се нашла за околу 20 места уште погоре и би го имала историскиот скок. Вака останува оној за 33 позиции најголем скок во историјата на репрезентацијата на Македонија, остварен пред неколку месеци со победите над Лихтенштајн и над Белорусија. Ако ја совладавме Албанија, според пресметките, ќе бевме некаде околу 80. позиција на рејтингот.

* Повеќе во печатеното издание на „Македонски спорт“



Датум: 07.09.2017, 10:49
Статијата е прочитана 3155 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.09.2017
23.09.2017
23.09.2017
23.09.2017
23.09.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense