| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

10.01.2017

Супер промоција на Шкендија и Македонија


Во Германија во спортските, но и другите весници, портали и слично, наголемо се пишува и известува за тоа дека нивниот тренер прифатил да работи во тетовскиот клуб.

Шкендија и да сакаше не можеше да направи подобар маркетиншки потег со доведувањето на Томас Брдариќ за свој стратег. Тетовци донесоа позната фудбалска и воопшто спортска „фаца“ со што себеси се промовираа во неговата родна земја Германија.

Па така во речиси сите поголеми весници, портали и слично, во изминатите неколку денови наголемо се пишува и известува за тоа дека нивниот тренер и некогашен познат фудбалер и репрезентативец прифатил да работи во еден од најголемите клубови во Германија. Ова секако дека е голема промоција во таа земја и за Македонија, зошто во секој напис се потенцира дека Шкендија е од Македонија.



Датум: 10.01.2017, 14:34
Статијата е прочитана 5479 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.01.2017
21.01.2017
21.01.2017
21.01.2017
21.01.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense