| контакт | маркетинг
ТЕНИС

10.02.2015

Мареј и Ѓоковиќ остануваат пријатели

Енди Мареј вели дека не гледа потреба Новак Ѓоковиќ да му објаснува ништо по контроверзното финале на Австралискиот опен

Ѓоковиќ се мачеше со повреди во третиот сет од финалето во Мелбурн, пред да стигне до својата осма гренд слем титула, додека Шкотланѓанецот го обвини дека се „преправал“ за повредата.
„Се се извади од контекст и се направи поголемо отколку што е. Тоа се случува постојано. Во реалниот свет, кога играш тенис можеш да бидеш многу уморен, а потоа и да се чувствуваш подобро. Ако Новак мисли дека треба да објаснува нешто, тогаш ќе зборуваме, но не чувствувам таква потреба“, вели светскиот рекет број 4, кој оваа недела игра на турнирот во Ротердам.
Мареј додава дека иако медиумите ќе се обидат да ја „кренат“ приказната за неговата лутина за поразот во финалето во Мелбурн по четврти пат, тој и Ѓоковиќ остануваат добри пријатели.



Датум: 10.02.2015, 15:49
Статијата е прочитана 1489 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.08.2017
17.08.2017
17.08.2017
16.08.2017
16.08.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense