| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

30.04.2016

Прилеп во делириум, Победа се враќа во Првата лига

Пред 8.000 публика, Победа го прослави враќањето во Првата лига. Прилепчани на домашен терен го совладаа Љубанци со 1:0.

По седум години пауза, Победа повторно се враќа во Првата лига. На првиот меч на домашен терен по долго време, прилепчани со победа го прославија влезот во македонската фудбалска „елита“, откако го совладаа Љубанци со 1:0.

Стрелец на единствениот гол за домашниот тим беше Денис Димитриоски во 12. минута. 

Резултати 25. коло: Еуромилк - Гостивар 1:1, Пелистер - Кожуф 3:2, Победа - Љубанци 1:0, Тетекс - Скопје 2:1, Македонија ЃП - Влазерими 1:0.

Табела: Победа 44, Македонија ЃП 40, Тетекс 39, Велазерими 35, Пелистер 35, Скопје 33, Еуромилк 33, Љубанци 32, Гостивар 27, Кожуф 17.

 



Датум: 30.04.2016, 17:12
Статијата е прочитана 7991 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.08.2017
20.08.2017
20.08.2017
20.08.2017
20.08.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense