| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

31.12.2016

Брдариќ пред промоција во Шкендија

Веднаш по новогодишните празници, Томас Брдариќ и официјално ќе и биде претставен на јавноста како нов стратег на тетовските „црвено – црни“

Нема веќе дилеми, Томас Брдариќ е новиот шеф на струката на Шкендија. Како што велат нашите информации од луѓето кои се и тоа како добро запознаени со случувањата околу овој тренерски трансфер, стратегот од Германија и раководството на тетовските „црвено – црните“ постигнале и дефинитивен договор. Се чека само на официјализирање и негова промоција. Тоа значи дека Шкендија на своите верни и бројни фанови ќе им ги честита новогодишните празници со нов тренер на екипата. Инаку Брдариќ како некогашен фудбалер е позната фаца во Германија но и во Европа, а како тренер допрва треба да се докажува.
Иинтересно е тоа што назначувањето на Брдариќ во Шкендија ќе биде пекол за одредени луѓе во Вардар. Велиме пекол зошто тие, како што дознаваме, ровареле во својот клуб и посакувале Брдариќ да го донесат на клупата на шампионот. Познато е дека пред два месеци Томас Брдариќ беше во Скопје и му беше гостин на ФК Вардар.



Датум: 31.12.2016, 12:29
Статијата е прочитана 5357 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
25.05.2017
25.05.2017
25.05.2017
25.05.2017
25.05.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense