| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

06.09.2017

Митров претставен во Стеауа

Македонија повторно има претставник во романскиот фудбалски гигант Стеауа. Тоа е Михајло Митров младиот играч за врска кој потпиша договор со клубот кој има богата фудбалска историја

Тој денеска и официјално бесхе промовиран во клубските простории откако ги мина деталните лекарски прегледи. Митров во прво време ке биде дел од вториот тим но секако ке биде опција и за најдобрите во неговиот нов клуб. Тој во минатото беше дел од екипите на Металург, Миравци и Еуромилк
„Сонот ми се оствари после пропаднатиот трансфер минатата година бев потполно разочаран но собрав сили и продолжив со напорни тренинзи...трудот се исплатеше...сонот ми се оствари...потпишав за најголемиот клуб во Романија. Голема благодарност до претседателот Валериу Аргесала без кого овој трансфер немаше да се реализира. Премногу му благодарам...ова е голем чхекор во мојата кариера но не застанувам, ќе продолжам со напорни тренинзи,како и до сега,за да бидам еден од носителите на играта на Стеауа со моите игри да го привлечам и вниманието на македонската репрезентација и еден ден да бидам повикан за А селекцијата“, ни изјави Митров.



Датум: 06.09.2017, 21:21
Статијата е прочитана 3469 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense