| контакт | маркетинг
ТЕНИС

03.10.2016

Вторник е денот „Д“ за Шарапова

Одлуката во жалбата на Марија Шарапова за нејзината двегодишна суспензија пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС) ќе биде објавен во вторник во 15 часот

Интернационалната тениска федерација (ИТФ) ја суспендираше Шарапова по позитивниот тест на мелдониум на Австралискиот опен во Мелбурн во јануари. Панелот на ИТФ заклучи дека руската тениска ѕвезда немала намера да мами, но дека направила „многу сериозна грешка“.
Шарапова призна дека земала мелдониум пред секој меч во Мелбурн, тврдејќи дека не знаела дека средството е на забранетата листа на Светската анти-допинг агенција (ВАДА) од 1 јануари 2016. Таа дополнително призна дека го земала летонското лекарство за срцева болест од 2006 година. Мелдониумот, познат како милдронат, нема дозвола за користење во САД.



Датум: 03.10.2016, 18:57
Статијата е прочитана 819 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.01.2017
21.01.2017
21.01.2017
21.01.2017
21.01.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense