| контакт | маркетинг
АВТО-МОТО

13.11.2016

Лоренцо победи за последен пат со Јамаха

На крајот на Мото ГП сезоната 2016, Хорхе Лоренцо ја донесе првата победа на Јамаха во Мото ГП од јуни во неговата последна трка со тимот пред трансферот во Дукати, откако успеа да го остави светскиот шампион Марк Маркез зад себе во Валенсија

Во последната трка со тимот во кој ја помина целата категорија во елитната класа и со која освои три титули, Лоренцо стартуваше од пол-позицијата, направи рана предност, и пред него беше чиста патека за да постави и рекорд на кругот.
Зад него, Андреа Јаноне во Дукати ги предводеше останати ривали, и додека Валентино Роси го помина Јаноне, Лоренцо веќе беше 2.5 секунди пред колегата, разлика коај се удвои во петте круга.
На 10 круга пред крајот, Маркез го помина Роси и Јаноне за второто место, по што полека почна да ја намалува предноста на лидерот. На четири круга пред крајот разликата падна од 4.5 на 2.7 секунди, а во последниот круг разликата беше 1.7 секунди, доволно за трета победа оваа година и 44. во кариерата.
Зад него, Јаноне и Роси имаа лута битка за последното место на подиумот, кое на крај отиде кај возачот на Дукати, кој исто така ја имаше последната трка за својот сегашен тим.



Датум: 13.11.2016, 15:05
Статијата е прочитана 674 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense