| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

10.01.2017

Остануваме на 162. место на ФИФА листата

Најдобрата репрезентација на Македонија останува на 162. место на ФИФА листата.

Тоа го велат прогнозите, односно проекциите за јануари 2017 година. Светската куќа на фудбалот треба допрва да ги потврди овие прогнози. Тоа значи дека во новата 2017 година Македонија тргнува од она исто место како и што ја заврши минатата година. Инаку, нема промена на листата само поради фактот дека во изминатите два месеци немаше никакви активности на репрезентациите на светско ниво.
Се разбира дека овој пласман на ФИФА листата е крајно депримирачки. Нашата најдобра селекција треба по секоја цена да почне да победува, јасно е дека ова 162. место, ако го задржиме до продолжување на квалификациите за СП во Русија 2018 година, треба што побргу да се напушти и со неколку победи во серија да се најдеме под таа за нас магична граница од 100 место.



Датум: 10.01.2017, 10:23
Статијата е прочитана 744 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.06.2017
23.06.2017
23.06.2017
23.06.2017
23.06.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense