| контакт | маркетинг
АВТО-МОТО

19.10.2016

Браун си заминал поради Лауда и Волф!

Поранешниот шеф на Мерцедес, Рос Браун вели дека „распадот“ на односите со сегашните шефови на тимот, Тото Волф и Ники Лауда се главната причина за неговото заминување во 2013 година

Браун го водеше тимот на Хонда, кога во 2009 година го презеде тимот по повлекувањето на Јапонците и ја освои титулата, пред да го продаде на Мерцедес во 2010.
„Ми беа наметнати луѓе во кои немав доверба. Никогаш не знаев што сакаа да нарпават. Ники ќе ми кажеше едно нешто, а потоа со други луѓе ќе зборуваше сосема поинаква верзија“, вели Браун во неговата нова автобиографија „Тотално натпреварување - лекции во стратегија од Формула 1“.
61-годишниот Британец, кој беше дел од славниот „тим од соништата“ во Ферари со Михаел Шумахер, вели дека во 2013 едноставно не можела да се одреди неговата улога во тимот.
„Кога ги предизвикав Тото и Ники, тие почнаа да се обвинуваат. Не можев да им верувам на овие луѓе и не гледав иднина. Единствен избор беше да влезам во војна и да ги отстранам од тимот. Тото дури зборуваше дека имам премногу пари и дека не сум доволно мотивиран. Со тоа нивно однесување, сфатив дека не сум на место каде што можам да градам доверба“, изјави Браун.



Датум: 19.10.2016, 19:52
Статијата е прочитана 555 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.02.2017
22.02.2017
22.02.2017
21.02.2017
21.02.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense