| контакт | маркетинг
АВТО-МОТО

09.02.2015

Мекларен овојпат со „мек пристап“ кон Алонсо

Шефот на Мекларен, Рон Денис смета дека тоа што неговиот карактер „омекнал“ и зголемената зрелост на Фернандо Алонсо им дозволило повторно да бидат заедно во 2015 по „распадот“ на односите во сезоната 2007

Алонсо се врати во Мекларен за 2015, осум години откако неговиот претходен обид со тимот прво беше во сенка на судирот со колегата Луис Хамилтон, а потоа во „Спајгејт“ скандалот во кој Мекларен беа драстично казнети за добивање на нелегални информации од Ферари. Обединувањето на Мекларен и Алонсо долго време се сметаше за невозможна мисија, но Денис вели дека работите се поинакви поради промените во светот на Формула 1, но и во карактерите на двајцата главни протагонисти - Алонсо и самиот Денис.

„Целата работа доби на сила, и работите кои се случуваа тогаш во тимот беа доста контроверзни, но и ситуацијата во Формула 1 беше многу поинаква. Во тој момент многу фокус беше посветен на работи кои не беа важни. Можеби бевме жртва на климата во спортот, бидејќи несогласувањата во основа беа тривијални, но под лупа на медиумите. Сите тргнавме напред од тој момент, и во секој случај јас сум помек човек сега. Исто така мислам дека Фернандо е позрел возач“, вели Денис.

Еден од главните проблеми на Алонсо во тимот во 2007 година беше статусот на возач број 1, но Денис вели дека Алонсо немал такво барање за повластен однос кон сегашниот колега Џенсон Батон.
„Можам да ви ветам една работа со Фернандо - тој никогаш не побара да биде број 1. Сосема спротивно, тој мене лично ми кажа дека сака еднаквост. Никогаш не бараше никакви посебни клаузули во договорот“, вели Денис.

 



Датум: 09.02.2015, 08:43
Статијата е прочитана 1323 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
14.12.2017
14.12.2017
14.12.2017
14.12.2017
14.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense