| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.09.2017

СЕ ПЛЕТЕ МРЕЖАТА ПРЕД БЕРИША: На полувреме во Струмица е 0:0

Пред 5.000 гледачи Македонија ја контролира играта, имавме шанси но не и водство. Албанија е безопасна, полувреме е во Струмица. Македонија е блиску до водство но и по 45 минути мрежите мируваат.

Имавме две-три супер шанси но мрежата на гостинскиот голман Бериша не е погодена. Нашата најголема прилика ја имавме во 22 минута кога капитенот Горан Пандев упати вистинска бомба но чуварот на мрежата на Албанија го одбрани ударот. Потоа се закани и Барди од слободен удар а Несторовски неуспеа да стигне до одбиената топка и да ја смести во мрежата. Енис Барди е наш најдобар фудбалер на теренот. Игра доминантно фудбалерот на Леванте кој со своите потези ги „излуде“ фудбалерерите на Албанија на задоволство на нашата публика. Имаме уште 45 минути за победа. Албанија е безопасна. Се плете мрежата а се надеваме декла во продолжението ќе стигнеме до посакуваната цел.



Датум: 05.09.2017, 21:42
Статијата е прочитана 367 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.11.2017
20.11.2017
20.11.2017
20.11.2017
19.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense