| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.12.2016

Регионалната лига станува реалност

На состанокот одржан во Загреб седум федерации, меѓу кои и Македонија ја прифатија одлуката за формирање на Регионална лига за фудбалери и фудбалерки во младинските категории

Првиот чекор кон создавање на проектот наречен „Регионална лига“ е успешен. На денешниот состанок одржан во Загреб, со присуство на претставници од седум фудбалски федерации од регионот донесена е одлука за креирање на овој концепт, но, за почеток тоа ќе биде само во младинските категории во машкиот и женскиот фудбал. ФФМ беше претставуван од координаторот на младинскиот фудбал, Зоран Стратев. Тој беше во друштво на претставниците од БиХ, Црна Гора, Македонија, Унгарија, Словенија и Србија, како и организаторот на овој собир.

Проектот за вакво натпреварување пред неколку денови на состанок на стручната комисија на Уефа го претстави техничкиот директор на ХНС Ромео Јозак, а раководните луѓе во стручното тело на УЕФА дадоа позитивен став.

Ваквиот развој на настаните претставува и еден чекор поблиску до формирање на Регионалната лига и во сениорските категории. Тоа ќе претставува и најдобриот произвот на ова натпреварување кое што ги подгреа надежите за негово формирање.



Датум: 05.12.2016, 17:37
Статијата е прочитана 3664 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
25.06.2017
25.06.2017
25.06.2017
25.06.2017
25.06.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense