| контакт | маркетинг
АВТО-МОТО

08.02.2015

Мерцедес недостижни во 2015?

Сопственикот на Ред Бул, Дитрих Матешиц не верува дека неговиот тим може да биде сериозен предизвикувач за титулата во 2015 година

Австрискиот милијардер имаше ретка посета во боксот на тестирањето во Херез оваа недела, по што даде „црна“ оценка за новата сезона.
„Мерцедес повторно се недостижни. Мислам дека единствено на што можеме да се надеваме е намалување на таа разлика“, вели Матешиц.
Тој исто така беше сведок на новите проблеми на нивниот главен партнер Рено со постојаноста на подобрениот В6 мотор.
„Ако Рено успеат да ја намалат разликата во коњски сили за 40 или 50, тогаш ќе бидеме во можност со добродизајниран болид да направиме притисок“, додава Матешиц.

 



Датум: 08.02.2015, 19:14
Статијата е прочитана 1083 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.01.2017
24.01.2017
24.01.2017
24.01.2017
24.01.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense