| контакт | маркетинг
АВТО-МОТО

20.11.2016

Мареј го помина Ѓоковиќ и го запечати првото место

Енди Мареј за час и 35 минути игра го победи Ѓоковиќ со 6:3/6:4 во финалето на завршниот турнир од сезоната за да осигура дека ќе заврши како број 1 на крајот на годината

Во еден едностран меч, Мареј ги искористи своите шанси за да стигне до првата титула од завршниот турнир за најдобрите осум тенисери на светот и потврди дека е апсолутно најдобриот тенисер во втората половина на 2016, година во која стигна и до второто олимписко злато и до вториот трофеј од Вимблдон.
Претходно, Мареј беше карактеризиран како човек кој попушта под притисок, посебно во мечевите со српскиот ривал кој помина 122 недели на врвот на АТП-листата, но во 35. дуел меѓу двајцата, Мареј успеа да стигне само до 10. победа, можеби најзначајна во кариерата.



Датум: 20.11.2016, 21:08
Статијата е прочитана 2473 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.08.2017
20.08.2017
20.08.2017
20.08.2017
20.08.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense