| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

08.09.2017

Кон Скопје „виа“ Москва

Пред гостувањето во Скопје, Зенит Санкт Петербург оди на дуел со Динамо Москва во рускиот шампионат


Зенит Санкт Петербург викендов ѝ гостува на екипата на Динамо во Москва пред да допатува во Скопје. Избраниците на Роберто Манчини ќе минат пат долг час и пол со авион и назад уште толку пред да дојдат во нашиот главен град. Тоа може да биде еден од адутите за Вардар за добар резултат во Лигата на Европа.
Рускиот тим важи за фаворит во пресметката со Динамо Москва. Динамо, пак, сега се врати во прволигашката конкуренција после една сезона мината во Втората лига. 
Својот натпревар Зенит го игра в недела, потоа се враќа за Санкт Петербург. Во вторник вечер рускиот тим треба да пристигне во нашиот главен град. Пресметката со Вардар е в четврток, во 21:05 часот.

 



Датум: 08.09.2017, 12:11
Статијата е прочитана 638 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.09.2017
23.09.2017
23.09.2017
23.09.2017
23.09.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense