| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.09.2017


Тренчовски: Судијата Стојчевски ги пцуеше Дориев и Пандев


Големa е резигнацијата на сите во таборот на Академија Пандев по повод судењето на Игор Стојчевски на денешниот куп меч со Силекс


И тоа го има во мак - фудбалот. Главниот судија да ги пцуе фудбалерите на еден тим, овојпат на гостинскиот. Тоа го велат луѓето од Академија Пандев кои се резигнирани од делењето на правдата на судијата Игор Стојчевски на денешниот куп дуел во Кратово со Силекс.
„Прво да кажам дека немаме ништо против Силекс, за поразот самите сме си виновни зошто не ги искористивме нашите шанси. Но имаме големи забелешки на односот на Стојчевски кон нашиот состав. Како прво кој му дозволува на Стојчевски да ги пцуе Дориев и Пандев. Потоа кој му дозволува на Стојчевски да применува некои свои судиски критериуми, особено ова се однесува на доделувањето на картоните и прекршоците. Место на домашните играчи да им додели најмалку 10-12 жолти картони тој се задоволи со неколку. Место на Гуцев да му покажа втор жолт, тој цело време одмавнуваше со рака. Јас му реплицирав и затоа бев исклучен, немам замерки за таа негова одлука. Беше исклучен и Атанасковски но и нашиот претставник Томе Николов. Можам цел роман да напишам за судењето на Стојчевски, толку сум револтиран“ ни изјави Југослав Тренчовски, стратегoт на Академија Пандев.



Датум: 13.09.2017, 21:52
Статијата е прочитана 2349 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.11.2017
20.11.2017
20.11.2017
20.11.2017
19.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense