| контакт | маркетинг
ТЕНИС

15.11.2016

Рускиот конзул Самсоненко со нова инвестиција - тениски центар во Општина Аеродром

Тенискиот центар ќе содржи осум тениски терени според сите светски стандарди со услови за одржување меѓународни натпревари

Сергеј Самсоненко продолжува да инвестира во спортот. Со новиот проект младите ќе имаат можност да вежбаат во соодветни услови за професионален тенис, а овој спорт во Македонија ќе се искачи на повисоко нив. Спортскиот тениски центар ќе се гради покрај кејот на реката Вардар во Општина Аеродром, по урнек на рускиот и германскиот „Tennispark“.

„Tennispark - Badenweiler“ во Германија содржи 9 тениски терени – 6 отворени и 3 затворени, изградени според светски АТП стандарди и сертифицирани од тениската асоцијација. Во склоп на „Tennispark - Badenweiler“ има мини хотел и кафе бар.

Комплексот „Tennispark – Rostov on Don“ се состои од 10 тениски терени, детска тениска школа и ресторан. Изграден е во 2011 година, исполнувајќи ги меѓународните стандарди и конкурирајќи им на водечките меѓународни клубови. Школата за тенис „Tennispark – Rostov on Don“ е создадена за развој на таленти и создавање нови тениски ѕвезди.

Интернационалниот бренд од пред 2 години е присутен и во Македонија како „Тенниспарк Скопје“. Со градењето на новиот Спортски тениски центар во Општина Аеродром, ТК „Тенниспарк Скопје“ ќе го зголеми својот капацитет за нови членови. На професионалните тенисери но и на рекреативците ќе им бидат на располагање осум тениски терени и компатибилни содржини, со услови за одржување на меѓународни натпревари. Проектот е јавно приватно партнерство со инвестиција од околу два милиона евра.



Датум: 15.11.2016, 10:25
Статијата е прочитана 5091 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.02.2017
22.02.2017
22.02.2017
21.02.2017
21.02.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense