| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

12.09.2017

ЈАКОВСКА ПОТПИША ЗА БЕШИКТАШ


Најдобрата фудбалерка во македонското првенство, Ели Јаковска, ја продлжува кариерата во Турција. Договорот на 22-годишната Јаковска со турскиот гигант е на една година


Јаковска заминува во Турција од редовите на македонскиот шампион, СЦ ИСтатов, за кого сезонава го постигна првиот и единствениот гол во деби настапот на клубот во Лигата на шампионките. Јаковска одлично го почна и домашното првенство, во кое во првите две кола постигна дури осум голови, со што се позиционира на првото место на листата на стрелци.
Ова ќе биде втор интернационален ангажман за Јаковска, откако една ипол година беше дел од српскиот шампион Спартак Суботица, со кој настапуваше и во најсилното клупско натпреварување во Европа. Пред да замине во Србија, Јаковска беше дел и од екипите на Тиверија, Кочани и на Драгон.




Датум: 12.09.2017, 12:29
Статијата е прочитана 395 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.09.2017
23.09.2017
23.09.2017
23.09.2017
23.09.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense