| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.09.2017

Глигоров по јубилејниот 200-ти меч: Вардар е за мене сè

„Голема чест е да се биде во Вардар, а уште поголема чест е да се играат 200 натпревари за клубот кој што за мене претставува сè. Се надевам дека ќе продолжам понатаму со настапи, се разбира во рамките на моите можности“, изјави Глигоров.

Да се биде дел од Вардар на 200 натпревари, тоа значи да се биде посветен на овој клуб долги години. Денеска на својата кожа тоа можеше да го почувствува Никола Глигоров. Натпреварот со Силекс за него беше посебен. Никола го одигра својот јубилеен 200-ти официјален натпревар во дресот на Вардар.
„Голема чест е да се биде во Вардар, а уште поголема чест е да се играат 200 натпревари за клубот кој што за мене претставува сè. Се надевам дека ќе продолжам понатаму со настапи, се разбира во рамките на моите можности. Чувството е прекрасно. Ова е клубот на мојот живот, ова е клубот кој што ми даде се во кариерата. Сакам да се заблагодарам на моите сегашни и поранешни играчи, како и тренери, без кои овој 200-ти настап немаше да се случи“, вели Глигоров.
Вардаровиот заменик капитен на својот јубилеј успеа да стигне до победа со тимот, и да се запише во листата на стрелците. Тоа беше негов 11-ти гол во дресот на Вардар вкупно.
„Драго ми е што на овој мој јубилеј најпрво успеавме да победиме, а потоа ми е драго за голот. И сето тоа доаѓа пред историскиот натпревар со Зенит, кога за прв пат ќе играме во групна фаза од европско натпреварување. Ја имав таа среќа во оваа година да прославам јубилеј, и клубот да испише историја, односно да игра во групна фаза од Лигата на Европа, нешто за кое многу генерации сонуваа. Во секој случај чувството е пракрасно и јас се надевам дека ќе продолжиме да ја пишуваме оваа историја со добри резултати во групната фаза, и да освоиме што е можно повеќе бодови“, изјави фудбалерот од средниот ред на Вардар.

 



Датум: 09.09.2017, 20:42
Статијата е прочитана 814 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.11.2017
20.11.2017
20.11.2017
20.11.2017
19.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense