| контакт | маркетинг
ТЕНИС

04.02.2015

Серена го прекинува бојкотот на Индијан Велс

Светската тенисерка број 1, Серена Вилијамс ќе го прекине бојкотот на Мастерс турнирот во Индијан Велс по 14 години, потврдувајќи дека ќе игра во март

Американката, која ја освои титулата од Австралискиот опен во Мелбурн минатиот викенд за 19. грендс лем титула, последен пат играше на турнирот во 2001, кога беше шампионка.
Турнирот беше контроверзен бидејќи публиката ја исвирка Вилијамс во финалето, откако во полуфиналето постарата сестра Венус се повлече пред мечот поради повреда давајќи и слободен помин на Серена. Сестрите Вилијамс сметаа дека реакцијата на публиката е расистичка и двете го избегнуваа големиот турнир во калифорниската пустина.
„Имам среќа што сум во период во мојата кариера каде што немам што да докажувам. Се уште имам голема мотивација, но патот сега е полесен и играм поради љубовта кон спортот. Со таа љубов во умот и со сфаќање на суштината на простувањето, горда сум да го најавам мојот камбек во Индијан Велс во 2015“, вели Вилијамс.



Датум: 04.02.2015, 16:00
Статијата е прочитана 994 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.01.2017
24.01.2017
24.01.2017
24.01.2017
24.01.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense