| контакт | маркетинг
АВТО-МОТО

09.10.2016

Розберг незапирливо „маршира“ кон првата светска титула

Нико Розберг ја забележа деветтата победа во 2016, откако доминираше од стартот до финишот во Сузука, победувајќи ги Макс Ферстапен и Луис Хамилтон, за Мерцедес да ја освои титулата кај конструктори, а Розберг да го „прошири“ водството пред Хамилтон на 33 поени

Розберг, кој во саботата ја освои пол-позицијата за само 0.013 секунди пред ривалот Хамилтон, немаше проблеми од првото место на стартот за да победи со речиси 5 секунди предност пред тинејџерот на Ред Бул, Макс Ферстапен. Холанѓанецот Ферстапен во финишот на трката успеа да го остави Луис Хамилтон зад него за да му помогне на Розберг да го зголеми водството на 33 поени, повеќе од една победа на само четири трки до крајот на сезоната.
Победата донесе трета последователна титула кај конструкторите за „Сребрената стрела“, откако имаше мала драма во финишот - Хамилтон неколку пати се обиде да го помине Ферстапен, кој повторно беше на граница на казна блокирајќи го шампионот, кој мораше да ја пресече шиканата.
Ферари не успеаја да стигнат до подиум со Себастијан Фетел на четвртото место и Кими Раиконен на петтото место, додека Даниел Рикијардо, победникот од Малезиското ГП беше на шестото место. По нив следуваа двајцата возачи на Форс Индија (Серхио Перез и Нико Хулкенберг) и двајцата на Вилијамс (Фелипе Маса и Валтери Ботас). Мекларен-Хонда на својата домашна патека имаа катастрофална трка со Фернандо Алонсо со новиот мотор на 16. место, додека Џенсон Батон беше само 18.

ЈАПОНСКО ГП
1.Нико Розберг (Мерцедес) 1:26:43.333
2.Макс Ферстапен (Ред Бул) +4.978
3.Луис Хамилтон (Мерцедес) +5.776
4.Себастијан Фетел (Ферари) +20.269
5.Кими Раиконен (Ферари) +28.370
6.Даниел Рикијардо (Ред Бул) +33.941
7.Серхио Перез (Форс Индија) +57.495
8.Нико Хулкенберг (Форс Индија) +59.177
9.Фелипе Маса (Вилијамс) +1:37.763
10.Валтери Ботас (Вилијамс) +1:38.323
11.Роман Грожан (Хас) +1:39.254
12.Џолион Палмер (Рено) +1 круг
13.Данил Квјат (Торо Росо) +1 круг
14.Кевин Магнусен (Рено) +1 круг
15.Маркус Ериксон (Заубер) +1 круг
16.Фернандо Алонсо (Мекларен) +1 круг
17.Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо) +1 круг
18.Џенсон Батон (Мекларен) +1 круг
19.Фелипе Наср (Заубер) +1 круг
20.Естебан Гутиерез (Хас) +1 круг
21.Естебан Окон (Мејнор) +1 круг
22.Паскал Верлајн (Мејнор) +1 круг

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН
ВОЗАЧИ
1.Нико Розберг (Мерцедес) 313
2.Луис Хамилтон (Мерцедес) 280
3.Даниел Рикијардо (Ред Бул) 212
4.Кими Раиконен (Ферари) 170
5.Макс Ферстапен (Ред Бул) 165
6.Себастијан Фетел (Ферари) 165
7.Валтери Ботас (Вилијамс) 81
8.Серхио Перез (Форс Индија) 80
9.Нико Хулкенберг (Форс Индија) 54
10.Фелипе Маса (Вилијамс) 43
11.Фернандо Алонсо (Мекларен) 42
12.Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо) 30
13.Роман Грожан (Хас) 28
14.Данил Квјат (Торо Росо) 25
15.Џенсон Батон (Мекларен) 19
16.Кевин Магнусен (Рено) 7
17.Џолион Палмер (Рено) 8
18.Паскал Верлајн (Мејнор) 1
19.Штофел Фандорне (Мекларен) 1
КОНСТРУКТОРИ
1.Мерцедес АМГ 593
2.Ред Бул Рејсинг Рено 385
3.Скудерија Ферари 335
4.Форс Индија Мерцедес 134
5.Вилијамс Мерцедес 124
6.Мекларен-Хонда 62
7.Скудерија Торо Росо 47
8.Хас Ф1 Ферари 28
9.Рено Ф1 8
10.Мејнор Мерцедес 1
11.Заубер Ферари 0



Датум: 09.10.2016, 09:09
Статијата е прочитана 942 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.08.2017
20.08.2017
20.08.2017
20.08.2017
20.08.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense