| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.01.2017

Дамчевски на проба во полска Јагелонија

Од денеска високиот македонски стопер почнува да тренира со екипата од Полска и ќе биде неколку дена на „тестови“

Некогашниот репрезентативец на Македонија Александар Дамчевски, од денеска ќе тренира со полскиот тим Јагелонија, во обид да направи трансфер во оваа екипа. Дамчевски до сега настапуваше во Атирау, е во потрага по нова средина, а следната дестинација најверојатно ќе му биде Полска.

Оваа информација ја потврди и клубот на својата официјална веб страница каде што стои дека од денеска Дамчевски ќе почне да тренира со екипата и ќе биде неколку дена на проба.

24-годишниот стопер во минатото настапуваше за НАЦ Бреда, Чермонорец и Криенс. Тој беше дел од младата репрезентација како и за сениорите за кои има одиграно четири меча.



Датум: 09.01.2017, 10:18
Статијата е прочитана 1723 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.06.2017
23.06.2017
23.06.2017
23.06.2017
23.06.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense