| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

12.09.2017

Билали прoмовиран во Евгиниакос

Љутви Билали својата кариера ќе ја продолжи во грчкиот второлигаш

Македонскиот интернационалец, кој лани настапуваше во финската екипа Хака, е нов фудбалер на тимот на Егиниакос. Сите детали околу трансферот на 25-годишниот напаѓач се завршени, a неговиот договор е во траење од една година. Со регистрацијата во грчката фудбалска федерација, Билали веќе има право на настап за овој грчки второлигаш, којшто ја почнува сезоната на 19 септември со настап во Купот на Грција.
Егиниакос ќе биде нов интернационален предизвик за Билали, кој освен во Финска, настапуваше и во Словенија за екипите на Целје и на Интерблок. Во Македонија Билали го носеше дресот на Гостивар, Металург, Пелистер, Силекс и Влазрими.

 



Датум: 12.09.2017, 18:18
Статијата е прочитана 1476 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.09.2017
23.09.2017
23.09.2017
23.09.2017
23.09.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense