| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

10.09.2017

Гол-деби на Аврамовски за Војводина

Даниел Аврамовски имаше одлично деби за својот нов тим, Војводина, постигнувајќи го израмнувачкиот гол за 1:1 на гостувањето кај тимот на Вождовац

Аврамовски во српскиот прволигаш дојде од словенечка Олимпија Љубљана, и веднаш им покажа на навивачите на Војводина дека нивното раководство не згреши кога реши да го донесе во Нови Сад.
Вождовац поведе уште во 24. минута со голот на Александар Јешиќ, додека Аврамовски, кој влезе на стартот на второто полувреме, го израмни резултатот во 71. минута. Со освоениот поен, Војводина е на четвртото место во српската лига по осум кола со 16 поени, три помалку од лидерот Црвена Звезда (која има и натпревар помалку).



Датум: 10.09.2017, 20:53
Статијата е прочитана 910 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.09.2017
23.09.2017
23.09.2017
23.09.2017
23.09.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense