| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

12.09.2017


Со Зенит почнува новата историја

Вардар одбројува до натпреварот во групната фаза од Лигата на Европа, се подготвува спектакл на арената

Пред ова, историјата беше напишана со руски тим. Славната ЦСКА Москва беше крај на една историја, а сега почнува нова, исто така, со руска екипа. Зенит е првиот меч на еден наш тим во групната фаза од Европа. Вардар одбројува до натпреварот во Групната фаза од Лигата на Европа, се подготвува спектакл на Арената.

Бевме далеку од пласман на еден наш тим во групната фаза од некое европско натпреварување. Беше незамисливо да се случи тоа и оваа година. Меѓутоа Вардар направи Македонија, конечно, да има свој претставник во групите. Иако е Лигата на Европа, сепак, и тоа е утеха за она што се случуваше на натпреварот со Копенхаген, кога вардарци имаа шанси уште тогаш да обезбедат минимум до ова што дојдоа.
Но, „црвено-црните“ не треба да жалат. Малкумина им дадоа шанси по сето она што се случуваше пред дуелот со Фенербахче. Но, нашиот шампион се издигна над сите проблеми и успеа да дојде до историја. Историја која почнува в четврток и која го води Зенит во Скопје.
Зенит Санкт Петербург, голем и славен руски тим, гигант на европскиот фудбал. Секоја година е во групната фаза од Лигата на шампионите, троши десетици милиони за нови играчи. Но, дека Вардар има квалитет за Европа, покажаа и мечевите со Фенербахче. Тие се најдобар пример дека „црвено-црните“ можат да се справат и со скапите фудбалски ѕвезди. И Фенербахче беше силен тим, па падна на колена во Скопје, а потоа и во Истанбул.
Сега, кога вардарци стигнаа до ѕвездите, веќе нема што да загубат. Време е за европско уживање, време е за историски мечеви во Лигата на Европа, каде што има место само за најдобрите, за најуспешните. Вардаре, време е да покажеш дека и во Македонија се игра фудбал.

Се подготвува спектакл

Овие европски натпревари на Вардар треба да донесат спектакл, треба да донесат незаборавни мигови за Македонија. Ако домашниот фудбал ни е мизерен и далеку од тоа што треба да биде (со празни трибини и со едвај неколку гледачи), тогаш е време за полни трибини на трите натпревари. Сега веќе нема алиби за билети. Ако сакате фудбал и ако сакате да ги гледате најдобрите во Европа, еве шанса. Тука, во Скопје.
Затоа се очекува спектакл в четврток, кога цела арена ќе ги бодри „црвено-црните“ до нов домашен успех, до нова сензација, која ќе одекне низ цела Европа. Зенит доаѓа без ефикасност, а Вардар е во добра форма.

 

 

 

 

 

 



Датум: 12.09.2017, 11:04
Статијата е прочитана 294 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.09.2017
23.09.2017
23.09.2017
23.09.2017
23.09.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense