| контакт | маркетинг
ТЕНИС

15.02.2015

Хет-трик за Даниела Хантухова

Даниела Хантухова по третпат го освои Тајландскиот опен во Патаја Сити, откако со 3:6/6:3/6:4 ја победи Хрватката Ајла Томљановиќ

Словачката стана првата тенисерка со три титули на турнирот, по тие во 2011 и 2012 година, откако претходно во полуфиналето имаше тешка победа во три сета, но имаше доволно сили против 21-годишната противничка.
Двете тенисерки останаа на сервис во првите четири гема, пред Хантухова да направи грешка и да го загуби сетот за 34 минути. Во вториот сет, Словачката веднаш врати со два брејка за 5:2 водство, пред Томљановиќ да врати еден брејк. Во одлучувачкиот Хантухова пак направи ран брејк, но упорната Томљановиќ не се предаде и веднаш врати и се одеше до сервис до 5:4. Томљановиќ тогаш ја направи својата 10. двојна сервис грешка во последниот гем за да ја предаде победата.



Датум: 15.02.2015, 14:42
Статијата е прочитана 1103 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense