| контакт | маркетинг
АВТО-МОТО

11.09.2016

Педроза е осми победник во Мото ГП во 2016

Шпанскиот ас на Хонда, Дани Педроза триумфираше на Сан Марино ГП трката во Мизано, поминувајќи го Валентино Роси на патеката на која израсна

Педроза сега е осми различни победник во 2016 година, откако се „коцкаше“ со изборот на меки предни гуми, но тоа му дозволи да има супериорна брзина од стартот до финишот, откако на почетокот беше само во третиот ред.
Роси, кој како и поголемиот дел од возачите имаше „средни“ предни гуми, го помина освојувачот на пол-позицијата Хорхе Лоренцо за водство на стартот и двајцата изгледаа удобно пред конкурентите, пред Педроза во втората половина на трката, прво да го помине колегата Марк Маркез, потоа Лоренцо и Роси за прв триумф оваа година пред морето фанови на Роси со жолти знамиња.
Роси на крајот успеа да го заддржи второто место пред Лоренцо, додека Маркез, очигледно изнервиран заврши на четвртото место.
Ситуацијата во генерален пласман е иста, иако предноста на Маркез сега е намалена од 50 на 43 поени. Маркез иам 223 поени, Роси е на 180, Лоренцо на 162, додека Педроза скокна на четвртото место со 145 поени.

РЕЗУЛТАТИ (САН МАРИНО ГП)
1.Дани Педроза (Шпа) - Репсол Хонда 43:43.524
2.Валентино Роси (Ита) - Мовистар Јамаха +2.837
3.Хорхе Лоренцо (Шпа) - Мовистар Јамаха +4.359
4.Марк Маркез (Шпа) - Репсол Хонда +9.569
5.Маверик Вињалес (Шпа) - Сузуки Екстар +15.467
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН
1.Марк Маркез (Шпа) - Репсол Хонда 223
2.Валентино Роси (Ита) - Мовистар Јамаха 180
3.Хорхе Лоренцо (Шпа) - Мовистар Јамаха 162
4.Дани Педроза (Шпа) - Репсол Хонда 145
5.Маверик Вињалес (Шпа) - Сузуки Екстар 136



Датум: 11.09.2016, 15:42
Статијата е прочитана 1026 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
25.05.2017
24.05.2017
24.05.2017
24.05.2017
24.05.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense