| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

06.09.2017

Алиоски: Албанија играше со страв

„Заслуживме да победиме. Албанија не е онаа истата од ЕП“, им порача нашиот Џани на медиумите во Албанија

Џани Алиоски беше мета на атрактивната албанска новинарка Илда Бејлери која го следеше дуелот во Струмица каде Македонија и Албанија одиграа нова драматична квалификациска битка со резултат 1:1. Ние бевме подобри, ја имавме иницијативата и шансите но не победивме. Другата страна се жали дека пеналот бил сомнителен, дека тие биле подобро... Но фактите се на маса, статистиката е таа и секој си верува на сопствените очи. Но еве што  и кажа Алиоски на Бејлери во директното вклучување од Струмица.
„Ја заслуживме победата но ова е фудбал каде на крајот се брои резултатот. Албанија играше со страв. Очекував многу повеќе од противникот ви чии што редови играат неколку мои добри пријатели со кои секогаш е задоволство да се биде на теренот. Бевте многу посилни на првиот меч. Очигледно е дека имате некој проблем и дека тој треба да го реши селекторот“, напомена Алиоски кој додаде дека жали што неуспеал да постигне гол барем во една од трите добри прилики кои ги имаше во вториот дел од кои две „бомби“ при резултат 1:1.
На ТВ станицата „Супер Спорт“, по Алиоски интервју дал и Мервин Маврај. Тој бил лут од констатацијата на Алиоски кој напомена дека Македнија беше далеку подобар тим на теренот.
„Кој е тој Алиоски...“, коментирал „провокаторот“ Маврај кој и по првиот меч а и пред дуелот со Струмица ја „палеше“ атмосферата со нефудбалски тези.



Датум: 06.09.2017, 14:46
Статијата е прочитана 4249 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.11.2017
20.11.2017
20.11.2017
20.11.2017
19.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense