| контакт | маркетинг
АВТО-МОТО

02.10.2016

Хамилтон остана без мотор, му подари победа на Рикијардо

Даниел Рикијардо ја „грабна“ победата на Малезиското ГП пред колегата Макс Ферстапен за 1-2 победа на Ред Бул, откако Мерцедесот на Луис Хамилтон „експлодираше“ додека тој беше убедлив лидер нарушувајќи си ги шансите за титулата

Хамилтон беше блиску до прекинување на низата на неговиот клупски колега Нико Розберг од три победи, со доминација во трката, додека Германецот се најде пред тежок предизвик откако беше извртен од Себастијан Фетел во Ферари во првата кривина.
Фетел направи грешка додека се бореше со Ферстапен за третото место, и удри во Розберг, уништувајќи си ја трката со скршена суспензија, меѓутоа Розберг избегна без судир и без дупната гума. По ова тој полека почна да се качува од последното место, додека Хамилтон беше убедлив на врвот.

Но, шансите на Хамилтон завршија во чад во 41. круг откако неговиот мотор откажа со пламен, а тој врескаше во болидот за пропуштената шанса да се врати како лидер во генерален пласман. Сега, Розберг има 23 поени предност на само пет трки пред крајот.
Розберг се врати на крајот до третото место, откако го удри Кими Раиконен при претекнувањето на втората кривина. За ова тој доби казна од 10 секунди, но направи доволно предност пред него за да го заддржи третото место.

МАЛЕЗИСКО ГП
1.Даниел Рикијардо (Ред Бул)
2.Макс Ферстапен (Ред Бул)
3.Нико Розберг (Мерцедес)
4.Кими Раиконен (Ферари)
5.Валтери Ботас (Вилијамс)
6.Серхио Перез (Форс Индија)
7.Фернандо Алонсо (Мекларен)
8.Нико Хулкенберг (Форс Индија)
9. Џенсон Батон (Мекларен)
10.Џолион Палмер (Рено)
11.Карлос Саинц Јуниор (Торо Росо)
12.Маркус Ериксон (Заубер)
13.Фелипе Маса (Вилијамс)
14.Данил Квјат (Торо Росо)
15.Паскал Верлајн (Мејнор)
16.Естебан Окон (Мејнор)
НЕ ЗАВРШИЈА
17.Фелипе Наср (Заубер)
18.Луис Хамилтон (Мерцедес)
19.Естебан Гутиерез (Хас)
20.Кевин Магнусен (Рено)
21.Роман Грожан (Лотус)
22.Себастијан Фетел (Ферари)



Датум: 02.10.2016, 11:21
Статијата е прочитана 613 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.01.2017
21.01.2017
21.01.2017
21.01.2017
21.01.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense