| контакт | маркетинг
АВТО-МОТО

04.02.2015

Никол и Луис дефинитивно „раскинаа“

Формула 1 шампионот остана без девојка, откако поп-дивата Никол Шерцингер ставила крај на седумгодишната врска бидејќи тој одбива да ја ожени и да започне семејство, јавуваат британските таблоиди

Шокантниот крај на врската доаѓа по седум години врска одбележани со високи и ниски моменти, и според британскиот таблоид Сан, близок пријател на Шерцингер потврдил дека сега „дефитинивно е готово“.
30-годишниот Хамилтон, кој лани ја освои својата втора Формула 1 титула, наводно е целосно посветен на спортот и на освојување на нови титули, додека 36-годишната Шерцингер веќе сакала да има „помирен“ живот.
„Тие се караа со месеци, но сега работите тргнаа наопаку. Тие поминуваат толку време одвоени што работите станаа неиздржливи“, вели изворот за „Сан“.



Датум: 04.02.2015, 15:30
Статијата е прочитана 1309 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense